Во Основното училиште „Синиша Стоилов“ се реализираше тактичка вежба – симулација на пожар, со цел подигнување на безбедноста и подготвеноста на учениците и вработените.
Вежбата опфати:
Брза и безбедна евакуација на учениците и персоналот;
Интервенција на противпожарните служби;
Прва помош и поддршка од Црвен крст;
Координација на наставниот кадар со службите за заштита и спасување.
Во вежбата учествуваа Противпожарната единица и волонтери на Црвен крст, кои демонстрираа постапки за укажување на прва помош и соработка при итни ситуации.
Со вакви активности ја зајакнуваме културата на безбедност, превенција и хуманост во училиштата.
