Спортскиот тим на нашето училиште денес доби 20 нови дресови како донација од Македонско–бугарската стопанска комора.
Машкиот тим, кој настапуваше во рамки на проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“, го освои првото место и со гордост ги претстави боите на училиштето. Мотивирани наставниците Крсте и Влатко се подготвени за нови предизвици.
Честитки за успехот на спортистите и голема благодарност до донаторите за поддршката, довербата и вложувањето во развојот на младите!

