Денес учениците од различни одделенија, членови на англискиот клуб, ја посетија организацијата Екопроект КО Кочани. Преку интересна и едукативна презентација, тие имаа можност да научат повеќе за рециклирањето, правилното селектирање на отпадот и важноста од зачувување на животната средина.
Учениците активно учествуваа во разговорот, поставуваа прашања и преку практични примери дознаа како секој поединец може да придонесе за почиста и поздрава планета.
Посетата заврши со заедничка порака –
„Малите промени во нашето однесување создаваат големи разлики за природата!“
