Денеска во нашето училиште се одржа креативна работилница посветена на запознавање и афирмација на убавините на нашата општина.
![]()
Учениците од I, II и III одделение изработија колаж со грбот и знамето на Општина Зрновци, покажувајќи голема љубов и гордост кон своето место.
Учениците од IV, V и VI одделение моделираа скулптури од глина, кои ќе послужат како калап за гипс изработки – први чекори во светот на уметничкото вајарство.
Најголемите ученици, користејќи ИТ технологија и мобилен телефон, изработија презентација за Зрновци, учејќи како паметно да ја користат технологијата и како да истражуваат, чуваат и уредуваат својата општина.
Талентираните ученици од сите одделенија твореа со три уметнички техники на платно и хартија, покажувајќи ја својата креативност и љубов кон уметноста.
На крајот, беа наградени учениците кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс по повод 8 ноември – Св. Димитриј, Денот на Општина Зрновци.
Ден исполнет со креативност, учење и љубов кон нашата општина!
