Во рамки на Денови на Психологијата, во ОУ„Синиша Стоилов” Зрновци спроведовме работилница со учениците од VIII одделние на тема: Методи и техники за справување со стрес.
Преку работилницата учениците се запознаа со промените во однесувањето кое настанува при реакцијата на стрес, а исто така и со физичките и психичките промени на телото. Преку интерактивни вежби за дишење и други начини учениците научија како можат да ги препознаат и да ги совладаат реакциите од стресот.
Целта на рботилницата беше учениците да станат свесни за промените кои настануваат при реакција на стрес како и начините кои ќе им помогнат како да се обидуваат да ги совладаат истите.
Работилницата ја спроведе Александра Соколова, лиценциран психолог

