Донација од спортска опрема топки за кошарка, фудбал, одбојка и ракомет во рамки на проектот „Преку спорт до инклузивно и квалитетно образование“ кој го имплементира Македонско – бугарската стопанска комора, а е финансиран од Бугарската развојна помош. На 03.12.2025 година во училиштето г-ѓа Ирена Мирчовска – Координатор на проектот ги достави топките и направивме записник од средбата. Благодариме на донацијата која ќе биде дел од нашата секојдневна работа. Се надеваме на успешна соработка и понатаму.