American corner Stip им донесе мешавина од учење и забава на учениците од клубот по англиски во нашето училиште преку настан за информирање на јавноста. Учениците го истражуваа човечкото тело во виртуелна реалност, комуницираа со 3Д модели на анатомија и градеа едноставни кола користејќи ги комплетите Snap Circuit.
Практичните STEM активности како овие ја поттикнуваат љубопитноста, ги зајакнуваат дигиталните вештини и покажуваат како технологијата може да го направи учењето возбудливо и достапно. ![]()
![]()
Секој ученик доби торба , тефтер и пенкало а училишната библиотека го зголеми фондот со англиска литература, поклон кој со радост ќе го користиме.
Градоначалникот Ванчо Митев го поздрави овој настан и предложи-поддржа понатамошна соработка. Се надеваме на брзо дружење и со мобилната англиска библиотека и центарот во Штип.
Благодарност до г-дин Благој преставник од центарот и Стив кои несебично го организираа овој настан.