Успешно ја реализиравме едукативната работилница за сообраќај според препораки на МОН и БРО , на која учениците преку практични активности, разговор и демонстрации се запознаа со најважните правила за безбедно учество во сообраќајот.
Учениците учеа за значењето на сообраќајните знаци, правилното движење по улица и тротоар, безбедно преминување на пешачки премин, како и однесувањето на велосипедисти и пешаци.
Преку интерактивни игри и примери од секојдневието, ги поттикнавме да развијат одговорно и внимателно однесување, што е клучно за нивната безбедност.
Голема благодарност до сите ученици за активното учество и до наставниците Венера С. и Надица Д. кои ја поддржаа реализацијата на оваа корисна и забавна активност.
Безбедноста е наша заедничка одговорност!

