Во пресрет на најубавите зимски празници, денес нашиот училиштен двор и холовите добија празничен сјај! Учениците од 5 до 8 одделение, заедно со педагошката служба Марија, логопедот Елеонора, како и одделенските наставнички Олгица, Валентина М., Наталија, Александар Б и Јулијана, со голема креативност и тимска работа создадоа топла и радосна новогодишна атмосфера.
Учениците изработуваа украсни детали од рецеклиран материјал, поставуваа новогодишни мотиви и ја разубавуваа околината со светилки, декорации и празнични аранжмани.
Дворот доби вистинска зимска бајка, а холовите блеснаа со празнична топлина што веднаш носи насмевка.
Голема благодарност до сите ученици и наставници кои вложија труд, време и љубов за нашето училиште да биде подготвено да ги дочека празниците во најубаво издание.
Нека празничниот дух ни донесе радост, сплотеност и многу убави моменти!

