Денес, во пријатна и свечена атмосфера, во ОУ „Синиша Стаилов“, заедно со колегите и вработените од ОУ „Св. Климент Охридски“, го одбележавме 5 октомври – Денот на учителот, ден посветен на сите оние кои со љубов, труд и посветеност ги водат младите кон знаењето.
Со топли зборови и искрени честитки се обратија директорите на двете училишта — Јорданчо Костадинов и Слаџана Гаврилова, кои ја истакнаа важноста на професијата учител и улогата на секој просветен работник во создавањето на подобро општество.
На свеченоста беа доделени дипломи и признанија на наставниците кои се истакнаа како иноватори, оптимисти, мотиватори и поддржувачи на ученичкиот успех, а во знак на благодарност сите наставници добија скромни, но симболични подароци.
Настанот продолжи во духот на заедништвото и позитивната енергија со дружба, музика и многу насмевки, потсетувајќи нè дека професијата учител е една од најблагородните и највлијателните во општеството.

