По повод завршетокот на Детската недела, нашите најмали – првачињата, заедно со својата наставничка Софка Нацева, психологот Александра Соколова и педагогот Марија Стојменова, ја посетија Општина Зрновци.
Децата имаа можност да се запознаат со работата на вработените во општината, нивните обврски и задачи, а најмногу уживаа во разговорот со градоначалникот Борчо Коцев, кој со голема топлина им посака успешено зачленување во Детската организација, успешно школување и многу детска радост.


