Во рамки на активностите за унапредување на условите за настава и зачувување на животната средина, во нашето училиште беа доделени канти за селектирање на отпадот од страна на Источно-планскиот регион и Општина Зрновци.
Со оваа иницијатива се поттикнува развој на еколошка свест кај учениците, како и практикување на одговорно однесување кон отпадот во секојдневниот живот. Учениците со ентузијазам ги прифатија новите канти и ветија дека ќе придонесуваат за почиста и позелена околина. ![]()
Дополнително, во училиштето беа монтирани две нови смарт табли, со што се подобрува квалитетот и интерактивноста на наставата. За наставниците беше организирана и обука за користење на новата технологија, со цел да се обезбеди современ и мотивирачки пристап во наставниот процес.
Голема благодарност до Источно-планскиот регион и Општина Зрновци за поддршката и придонесот кон модерно и еколошки одговорно образование! ![]()
![]()

