Со голема радост и насмевки, во нашето училиште беше одбележан последниот ден од Детската недела. Првачињата гласно и јасно ја изговорија ученичката заклетва, а потоа добија пасош со кој ќе „патуваат“ низ годините на своето образование- членство во Детската организација, како и беџ со мото и сонце за насмевка слатка. ![]()
![]()
Програмата ја збогатија музичките точки на учениците од второ, четврто, петто и шесто одделение, кои со песна и игра ја пренесоа детската радост и енергија. ![]()
![]()
На крајот сите заедно се забавувавме, танцувавме и уживавме во духот на другарството и детството.
Директорката Слаџана Гаврилова упати благодарност до целиот тим за успешно реализираната програма и порача:
„Да продолжиме да учиме, да растеме и да ја градиме нашата иднина исполнета со љубов, знаење и насмевки.“

