Во рамки на одбележувањето на Детската недела, учениците од подрачното училиште во с. Мородвис активно се вклучија во работилници посветени на правата и обврските на детето. Преку разговори, видео и игри, учениците ги изразија своите ставови за тоа што значи да се почитуваат детските права и како секое дете може да придонесе со своето однесување и одговорност.
Исто така, учениците од Мородвос земаа учество во централната приредба во матичното училиште, каде што со голема радост и ентузијазам ја покажаа својата креативност и детска искреност.
Нивното учество уште еднаш потврди дека детските гласови се важни и дека заедно создаваме подобра, порадосна и пофер средина за сите деца!
